ВЕСТИЗДРАВСТВО

Синдикатот за здравство ќе протестира во четврток

Со барања за зголемување на платите во здравството и културата, синдикалците излегуваат на протести.
Синдикатот за здравство побара потпишување на анексот на колективниот договор, а доколку тоа не се случи до среда, во четврток ќе протестираат пред Министерството за здравство. Претставниците на овој синдикат велат дека над 11.000 вработени во здравството земаат плата еднаква на минималната плата.

Синдикалната организација на Министерството за култура денеска протестираше барајќи зголемување на платите. Бараат потпишување на колективниот договор за плати по примерот на Министерството за финансии.

Од финансии и здравство, не посочуваат дали ќе се исполнат барањата на синдикалците за покачување на платите.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button