ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Синот на Талат Џафери може да остане без уверението за положен правосуден испит

Синот на Талат Џафери може да остане без уверението за положен правосуден испит

Лицата кои незаконски полагале правосуден испит најверојатно веќе се поставени за судии и јавни обвинители, но исчезнувањето на документите од Министерството за правда, како и доцното откривање на оваа појава, го отежнува процесот на откривање на нивните имиња. Вака сметаат Антикорупциската комисија, не исклучувајќи ја законската можност синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет, да му биде одземено уверението за правосуден испит. Сепак, овие дејствија ќе следат по истрагите за сите судии и јавни обвинители кои моментално ја извршуваат оваа функција.

Алсат вчера обезбеди документ со кој се докажува дека Барлет Џафери положил еден од испитите по правосудство кога министер беше Аднан Јашари. Но, останува нејасно во времето на кој министер му била дадена дозвола да може да полага правосуден испит без да ги има потребните 300 кредити од студирањето.

Според Министерството за правда, постои еден единствен документ што го носи името и презимето на Барлет Џафери и го преживеал исчезнувањето во ова министерство.

„Документите во периодот кога Барлет Џафери го положил испитот во 2015 година се чувале 1 година. Единствениот документ со неговото име е во евидентната книга во која пишува дека положил правосуден испит на 05.02.2015 година“, велат од Министерство за правда.

Инаку, Антикорупциска најави дека го ангажирала Државниот архив да провери дали исчезнувањето на овие документи после 1 година претставува законска повреда. Антикорупциска во наредните денови ќе го ангажира Просветниот инспекторат да изврши проверки дали освен Штуловиот, постојат и други универзитети кои давале такви уверенија. Дополнително, Шемси Салаи од Антикорупциска најави дека освен ова, ќе се испита дали биле издавани и фалсификувани дипломи./Alsat.mk

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button