ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Систематизацијата на околу 1.500 административци кои немаат работно место треба да заврши во првите шест месеци од мандатот на оваа Влада

Новиот закон ќе ги обврзува институциите да ангажираат службеници кои примаат плати, а седат дома. Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците смета дека специјалниот Предлог закон само за оваа категорија вработени во администрацијата ќе го реши проблемот со систематизацијата на овие вработени без работни места. Предлогот, велат од ова Министерство, ќе биде готов за неколку дена и ќе биде доставен во Владата, а подоцна и во Собранието. Без давање конкретен рок, од оваа институција на чело со вицепремиерот Артан Груби велат дека тие го подготвиле и ќе ја достават до Владата предлог систематизација на сите вработени на слободните работни места.

На почетокот на мандатот, вицепремиерот Груби изјави дека тие ќе бидат посветени систематизацијата да се направи што е можно поскоро.

„Што е можно поскоро, ќе осигуриме дека сите вработени се сместени на работните места во државните институции, согласно Охридскиот рамковен договор“.

Сè уште не е јасно колку време може да трае оваа постапка, но во програмата на Владата се ветува дека „во првите шест месеци ќе бидат распределени и сите вработени ќе одат на работа во државните институции според Охридскиот договор“. Прашањето за систематизацијата се актуелизираше во 2018 година. Процесот што го започна тогашниот министер за администрација Дамјан Манчевски не се покажа успешен и никогаш не беше завршен. Одговорноста подоцна ја презеде Министерството за политички систем. Иако постојано се даваат разни бројки, се верува дека Министерството за политички систем плаќа близу 1.500 вработени немаат реално работно место.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button