ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Системот за противпожарна заштита во Тетово, под лупа на обвинителите

Системот за противпожарна заштита во модуларната ковид болница во Тетово е под лупа на обвинителите. Се проведува дали и колку противпожарни апарати имало, дали имало прскалки кои треба да се активираат за време на пожар, дали се активирале или зошто не? Координаторот на ковид центарот во Тетово тврди дека имало противпожарни апарати, но сè се случило многу брзо.

„Чудно ни беше тоа за три минути да имате цел објект во пламен и да остане само железо. Мене ми е чудно и суво дрво да е нема да гори за толку кратко време“, рече д-р Гзим Нуредини, координатор на ковид болница Тетово.

Сите материјални докази се на вештачење во одделението за крим – техника при МВР. Ова треба да ги покаже причините причини за избувнувањето на пожарот.

„Во таа насока донесена е наредба за ангажирање на вешто лице од областа на електротехниката…“, наведоа од Обвинителството.

Во утврдување на причините за пожарот ќе се вклучат и припадници на германската Федерална криминалистичка полиција, чие доаѓање е најавено за следниве денови. Паралелно, се скенираат сите камери од и околу болнницата. А, иако министерот Филипче најави проверки од Државниот здравствен санитарен инспекторат во врска со тврдењата дека имало посети од други лица и роднини во ковид болницата, засега нема ништо од тоа.

Инспекторатот не можел да врши увид во доказите дали некој неовластен влегувал внатре, додека обвинителството води истрага, освен ако не добиеле таква насока од самите обвинители. Инаку, досега се сослушани дел од сведоците и медицинскиот персонал. Од тетовската полиција е побарана целата документација за изградбата на модуларната болница, исто како и од фирмата БРАКО која ги монтираше сите вакви болници низ земјава.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button