Владата на Србија одлучи Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура јавно да ги стави на располагање сите документи со кои располага, а кои се однесуваат на евентуално извршување на кривично дело поради уривање на настрешницата на зградата на станицата во Нови Сад. во следните 24 часа, пренесува Танјуг.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера во своето обраќање пред граѓаните рече дека целата документација што дошла до обвинителството во врска со уривањето на настрешницата ќе биде јавно достапна и изјави дека се работи за вкупно 195 документи.
Вучиќ рече и дека со тоа ќе се исполни главното барање на студентите кои со денови ги блокираат факултетите.