СПОРТФОРМУЛА - 1
Сите екипи на едно место, ќе ги претстават и новите болиди

Една од најпознатите арени во Лондон, „О2 арената“, ќе биде епицентар на случувањата околу Формула 1 затоа што на настан под името „F1 75“ кој ќе се одржи вечерва (20 – 22 часот) ќе се претстават сите болиди.
Во претходните години, секој Ф1-тим одржуваше посебен настан за да ги открие новите дизајни на болидите и да им даде шанса на медиумите да разговараат со возачите и директорите на тимовите.
Сепак, за да се прослави 75-годишнината од Формула 1, организиран е посебен настан на кој сите тимови истовремено ќе ги презентираат боите на своите болиди, а ќе бидат присутни сите 20 возачи.
Ова е единствена можност за љубителите на Ф1 да бидат сведоци на спектаклот, а доказ за тоа е и фактот дека за еден час се распродадоа 15.000 билети.