ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сите попишувачи ќе бидат вакцинирани

Активностите за спроведување на пописот на населението ќе се интензивираат во наредните недели со повторно објавување на повикот за ангажман на регионални попишувачи и инструктори. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вели дека и покрај одложувањето на пописот во април, активностите никогаш не престанале и сè ќе биде подготвено за теренскиот попис во септември. Според него, има доволно време за избор на попишувачи и вакцинирање на оние кои би ја прифатиле оваа можност. Симовски вели дека се прават напори да се спроведе безбеден попис.

Статистиката повторно ќе ја активира кампањата за информирање на дијаспората за саморегистрација. По огромниот бран на попишување на граѓаните кои живеат во странство во март, интересот значително се намали во изминатите месеци иако можноста за саморегистрација останa отворена.

Симовски смета дека локалните избори што ќе се одржат во втората половина на октомври нема да влијаат на ефикасноста на пописот.

Секое понатамошно одложување на пописот ќе биде на штета на државата, повтори Симовски. Теренскиот попис на населението, домаќинствата и живеалиштата, според важечкиот закон, мора да се спроведе од 5 до 30 септември.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button