ВЕСТИСВЕТ

Скандал: Повторно го сторија тоа, овој пат четири „Фајзери“

Во Италија, имаше уште една грешка во системот за давање вакцини за коронавирус, кога на студентка од Тоскана ѝ беа дадени четири дози вакцина „Фајзер“ одеднаш.

Според нејзината мајка, таа ја поминала ноќта под опсервација во болницата. Девојчето, иако испило неколку литри вода, сепак имаше чувство на сувост во устата, па семејството побара дополнителни тестови, пренесува италијанската „Република“.

Состојбата на девојчето ќе ја следи институтот Марио Негри во Милано, како и Кареди од Фиренца, кој ќе прави крвни тестови на девојчето секоја недела.

Она што е невообичаено, се наведува во текстот, е дека младата жена, според вирусолозите, ќе мора повторно да се вакцинира, бидејќи отстапувањето од препорачаната доза го оневозможува  производството на антитела.

Втора доза од вакцината ќе треба да ѝ се даде на друга девојка, исто така од Италија, на која случајно ѝ биле инјектирани шест дози вакцина „Фајзер“. Така стана светски феномен затоа што никој досега не добил толку дози одеднаш.

Како дел од своето истражување, компанијата „Фајзер“ спроведе тест – што ако некому му се дадат повеќе дози, но за време на тоа истражување беа дадени најмногу четири дози.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button