СПОРТ

Скандалот со Лукаку доби разврска

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку и менаџерот на „сините“, Томас Тухел, го погребаа томахавкот и Белгиецот останува дел од лондонскиот клуб, објави „Скај Спортс“. Спорот започна по интервјуто на Лукаку за италијанските медиуми, во кое тој си дозволи да ја критикува работата на германскиот специјалист. Како одговор, менаџерот го отстрани од групата за мечот со Ливерпул (2:2), а медиумите на Островот шпекулираа за можен претстоен трансфер во Тотенхем.

Според англиските медиуми, двајцата ја разјасниле ситуацијата и не се очекува идна продажба на играчот, бидејќи Белгиецот се извини за своите зборови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button