ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Скапата струја испече превисока цената на лебот, граѓаните загрижени

Скапата струја испече превисока цената на лебот, граѓаните загрижени

Постојаното поскапување на прехранбените производи, особено на лебот и белите печива го зголеми револтот кај граѓаните. Во анкета за Алсат велат дека волку висока цена на лебот не смее да се дозволи, особено поради семејствата со многу членови кои мора да купат три или четири леба дневно.

„Ние што сме пензионери, што ни се случува. Јас имам малку членови, но тие што немаат коишто се многу членови, тешко е. И брашното поскапе и струјата“, рече една граѓанка.

Граѓаните се загрижени дека поскапувањата ќе продолжат. Некои велат дека привременото решение го гледаат во подготвување леб дома и купување во мали пекари каде што има леб по различни цени.

„Сега лебот е скап, подобро да месам дома. Дали мислите дека е поевтино ако готвите дома? Исто е. Брашното стана многу скапо, премногу. Ако порано купувавме 50 килограми, сега купуваме 25“, изјави еден граѓанин.

Од Сојузот на стопански комори на Македонија велат дека новите цени се резултат на должи на поскапувањето на енергенсите. За разлика од земјите од регионот како Косово, Албанија, Србија и Босна и Херцеговина, нашата земја не ги субвенционира трошоците за струја на компаниите кои се дел од мелничко-пекарската индустрија.

Според податоците на државниот Завод за статистика, трошоците за живот во јули во однос на јуни годинава се зголемени за скоро 2 отсто, а цените на мало пораснале за 2,5. Во споредба со јули минатата година, трошоците на животот се повисоки за 16 проценти. Најмногу поскапеле лебот и житариците за 4,8%, сирењето и урдата за 4,5%, млекото за 3,6%, свежото овошје за 2,9% и месото за 1,8%./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button