ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Градски превоз; Скапиот метан ги врати на улица „олдтајмерите“

По поскапувањето на метанот, но и по недостигот на субвенции од надлежните за оние автобуси што возат на метан, повторно ќе се движат по улиците на главниот град старите автобуси кои работат на дизел.

Вкупно 21 автобуси што возат на нафта веќе неколку дена ги превезуваат граѓаните низ главниот град. Овие автобуси беа тргнати употреба бидејќи беа посочени како еден од главните фактори за загадување на воздухот. Од компанијата „Слобода превоз“ велат дека Владата и Град Скопје се уште официјално не одговориле дали ќе ги субвенционираат автобусите со метан.

Приватните превозници велат дека старите автобуси ќе сѐ движат додека цената на метанот не се намали.

Во последните три месеци метанот од околу 45 денари се искачи на 110 денари. Јавните сообраќајни претпријатија во Скопје и приватните превозници и формално побараа Град Скопје и Владата да ги субвенционираат со 50 отсто трошоците за нивните автобуси на метан. Но и од Владата и од Град Скопје за Алсат информираат дека не планирале никакви субвенции.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button