ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Скапите горива ги полнат улиците со тротинети и велосипеди

Скапите горива ги полнат улиците со тротинети и велосипеди

Поскапувањето на горивата ги натера граѓаните да покажат поголем интерес за купување електрични тротинети и велосипеди, гледајќи ги како начин за намалување на трошоците за превоз.

Зголемениот интерес го потврдуваат и продавачите.

“Поради поскапувањето на горивата, зголемена е побарувачката за електрични скутери. Најважното нешто за кое прашуваат во врска со тротинетот е колку долго трае батеријата? Дали поминува повеќе километри и да троши помалку со едно полнење. Цените се движат од 20 илјади до 90 илјади денари. Најважно за тротинетот да има животен век е да не го користат двајца истовремено, да не го користат при дождливо време и да избегнуваат дупки“, рече продавач.

Но, овој начин на транспорт бара подобра инфраструктура. Нешто што не го уживаат жителите на Општина Чаир.

„Право да ви кажам, за никаде не сме. Нема ред, погледнете каде возат автомобилите. Ако излеземе таму со велосипед ќе нè здробат. Воопшто не сум задоволен“, изјави еден граѓанин.

“Се наоѓаме некако. Во овој дел секогаш возам по тротоар, каде што има велосипедска патека, поминувам таму, каде што нема, на тротоар”,рече еден граѓанин.

Користењето електрични тротинети стана помасовно изминативе две-три години./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button