ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Скапотија – невестите се китат со помалку од 15.000 евра злато

Скапотија – невестите се китат со помалку од 15.000 евра злато

Доаѓањето на печалбарите не е нималку профитабилно како во минатите години, велат занаетчиите од тетовската чаршија. Според нив, поскапувањето си го направило своето, особено високата цена на златото. Велат, ако пред една година тој што правел свадба купувал злато од 15 илјади евра, годинава купува и до 40 отсто помалку.

„Печалбарите фала му на Бога што ги имаме и што дојдоа, но градот чувствува криза и кај печалбарите, не е како другите години. 30-40 проценти е послабо. Годинава причина е растот на цените, особено на златото, а потоа и на сè останато. Еден муштерија кој лани му правеше ланчиња и гердани на својот прв син за 15.000 евра, годинава не може да ги направи затоа што поскапеа…“, рече Менсур Арифи, Претседател на занаетчиите на Тетовската чаршија.

„Мислам дека и печалбарите се погодени од економската криза. Се гледа дека економијата не е како претходните години, но сепак не можеме да кажеме дека е како порано кога печалбарите не беа тука. Сепак има поголемо раздвижување, но споредено со лани имаме 40-50 отсто помалку промет“, изјави Сопственик на бизнис.

Во меѓувреме, печалбарите што ги сретнавме из градот велат дека интересот за купување не е намален, но цените се поскапи отколку на запад.

“Понудите ми се чини дека се поскапи од странство. Можеби таму платите се повисоки, но гледаме дека еврата и тука се трошат многу брзо”, рече еден печалбар.

Колку треба да има печалбарот за свадба само за да започне?

“Зависи, од 10.000 до 20.000, но и тие не се доволни”, рече еден печалбар.

“Поскапо е овде отколку таму. До гледање”, додаде друг печалбар,

Во сезоната на свадби, најголемо раздвижување има во златарниците и продавниците за фустани./Alsat.mk

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button