ВЕСТИЕКОНОМИЈА

СКМ: Субвенциите за земјоделство не дадоа резултати

Државата доделува земјоделски субвенции, кои не даваат резултати во земјоделството. Неопходно е да се промени начинот на доделување на субвенциите предлагаат од Стопанската комора. Нивната анализа покажала дека земјава повеќе увезува наместо да произведува пченица за што влијае и старата механизација со која се одгледува житните култури .

„Од 20 милиони евра поддршка во 2006 година до скоро 200 милиони предвидени за 2020 година потрошени се речиси една милијарда евра за сите изминати години, а сточниот фонд се намалува, додека пак, увозот е повеќекратно зголемен. Потребно е измена во методологијата за давање на субвенции. Доста е веќе традиционално земјоделско производство треба да се подржат се повеќе бизнис ориентираните производители“, рече Васко Ристовски-самостоен советник на Стопанска комора.

По примерот на ЕУ, државата мора да направи исчекор во дигитализацијата на руралните средини ако сака младите да ги насочи кон земјоделството предлагаат од комората, од каде исто така додаваат дека субвенциите наместо по земјоделска површина треба да се доделуваат по предаден килограм производ. Можната најавена владина мерка за продажба на државно земјоделско земјиште, треба да има јасно поставени правила кој може да купи вакво земјиште без да има простор за злоупотреба.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button