ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје денеска на врвот на листата најзагадени градови во Европа

Скопје денеска е втор најзагаден главен град во Европа. Според проценките на меѓународниот индекс, во воздухот имало 162 микрограми ПМ 2,5 честички. Категоризиран како нездрав воздух, во оваа фаза според експертите последиците се појавуваат кај граѓаните со респираторни проблеми и други хронични заболувања. Во светски рамки, Македонија повторно е рангирана во првите 10 најзагадени земји по Индија, Непал, Кина и Турција. Граѓаните велат дека маските се носат не само поради страв од вирусот туку и поради задушување од воздухот.

„Државата ако сака, може да спречи зло. Загадувањето на животната средина значи загадување на нашето тело, животни, растенија, птици и други. Од фабрики кои немаат филтри и возила без стандард“, реагираат граѓаните.

Еколошките здруженија ги критикуваат државните власти дека се поспани. Меѓу најгласните се „О2“ кои велат дека државата потфрлила со проектот за субвенционирање на инвертери бидејќи зимава тропа енергетската криза.

Ситуацијата станува уште потешка кога загадениот воздух во пандемијата ја влоши здравствената состојба на заразените со корона вирусот. Лекарите велат дека загадувањето на воздухот може да ги загрози дури и луѓето кои го преживеале вирусот и се уште се борат со симптоми. Според Европската агенција за животна средина, загадувањето на воздухот или невидливиот убиец во Европа предизвикува 307.000 предвремени смртни случаи годишно.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button