ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје до Софија – да се внимава на наративот и да се избегнуваат провокации

Да се внимава на наративот и да се избегнуваат провокации. Да се практикуваат европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително да ги зацврсти билатералните релации меѓу Севрена Макеоднија и Бугарија, порачаа македонските официјални претставници по последните вести од Софија дека бугарскиот претседател Румен Радев ги свикал на состанок шефовите на безбедносните служби, за наводното непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во земјава.

Владата преку портпаролот Душко Арсовски вчера го повтори ставот во врска со разговорите со Бугарија дека треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот и оти не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го оцени како грешка во чекори состанокот на Радев со шефовите на безбедносните служби. Нагласи дека Северна Македонија е можеби најдобар пример во регионот во однос на рамноправноста на граѓаните и почитување на различностите.

-Не сум чула за каков било пример или епизода во историјата кога разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права и мислам дека станува збор за грешка во чекори. Република Северна Македонија е држава, која многу вложи во рамноправност на граѓаните и во отвореност на општеството да ги прифати сите разлики. Можеби сме најдобар пример во нашиот регион на ова тема и тоа го признаваат организации кои често пати се критични на темиве, истакна Шекеринска .

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button