ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје, Тирана и Белград ќе вложат заеднички напори во борбата против пандемијата

Северна Македонија, Албанија и Србија потпишаа меморандум за заедничка битка  против Ковид-19. Доколку се разболи македонски државјанин во Албанија или Србија, властите на соседните земји мора да обезбедат бесплатно лекување. Премиерот Зоран Заев очекува Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да се вклучат во договорот.

Граѓаните на Албанија и на Србија ќе се движат само со лични карти. Албанскиот премиер, Еди Рама рече дека овој договор ги обединува граѓаните на обете земји.

„.. Албанија сега има слобода на движење со сите земји во регионот, вклучително и со Србија, со која го потпишавме договорот за слободно движење на граѓаните без потреба од документ освен лична карта..“, рече Рама.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најде време за албански поговорки. Вучиќ рече дека меморандумот пред сè ја олеснува економската соработка.

„Со овој чекор се ближи соработката меѓу Тирана, Скопје и Белград. Албанска поговорка вели „добар почеток е половина од успехот“ и мислам дека ова е многу добар почеток. Мислам дека треба да работиме уште повеќе и со посветеност“, изјави Вучиќ.

Меморандумот предвидува обезбедување на потребниот број вакцини против коронавирусот и движење на граѓаните на овие места без ПЦР тест.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button