ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Скопје цел ден блокирано со полиција, летаат хеликоптери

Францускиот предлог го блокираше половина Скопје. Од раните утрински часови на терен излегоа бројни полициски сили. На секој агол има полиција.

Полицијата ги забарикадира Владата и Собранието. Пред овие две институции има и оклопни возила, а безбедноста ја контролираат и полициски хеликоптери.

Затворени се сите патишта кои водат кон Владата и Собранието.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се блокирани булеварите 11 Октомври, улицата Македонија и Даме Груев.

„Ги известуваме граѓаните на Скопје дека за време на ненајавен протест пред Собранието денеска се затворени за сообраќај улиците 11 Октомври, од булевар Кочо Рацин до улица Димитрије Чуповски, улица Даме Груев во насока на улицата Македонија до улицата 11 Октомври. Сообраќајот ќе биде пренасочен кон алтернативни улици“, наведоа од МВР.

Инаку, група демонстранти уште од синоќа го зазедоа просторот пред Собранието, поставувајќи шатори.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button