ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Слаб интерес за математика, хемија и физика

Слаб интерес за математика, хемија и физика

На првиот ден од новата академска година многу насоки останаа без студенти или со мал број. На Универзитетот „Свети Кирил Методиј“ во Скопје годинава на Факултетот за Природно -математички науки се запишаа 293 бруцоши, од кои најголем број на Институтот за биологија.

На насоките математика, физика, хемија и географија сè уште има слаб интерес, кадри кои со години се дефицитарни во основните и средните училишта. Деканот на факултетот Александар Скепаровски за Алсат изјави дека најкритична состојбата е на студиските програми за настава за основно и средно образование.

Студентите кои се запишани на математика по завршувањето претпочитаат да работат како професори на факултетите, но не и во основното и средното образование.

„Се одлучив за теоретска математика на Природно-математички науки. Секогаш сум ја сакал математиката и мислев да продолжам за да видам што ќе ми донесе оваа љубов кон математиката“, рече една студентка.

На Универзитетот во Скопје имаше 10.918 места: 5.306 за редовни студенти финансирани од буџетот, кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. 4522 места се наменети за редовни студенти кои ќе плаќаат партиципација од 400 евра и 1090 места за вонредни студенти./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button