МАКЕДОНИЈА

Следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за нивните барања

На почетокот на следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за барањата за додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори. Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека ќе им предложи два-три термини за средба на која ќе разговараат и како што рече „ќе ги анализираме заедно работите“.

Мицкоски, меѓу другото, рече дека се подготвува и состанок на Економско-социјалниот совет каде, исто така, ќе може да се разговара.

– Често пати зборувавме дека начинот кој го одбраа синдикалците не е начин за да се реализираат барањата и да се надминат сите овие работи. Апсолутно следната недела ќе се сретнам, нормално во зависност од нивното расположливо време. Ќе се сретнеме, ќе разговараме… Само со разговор се решаваат работите. Само со разговор можеме да дојдеме до решение кое што ќе биде успешно, изјави Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button