ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следната недела вакцинација на хронично болните на возраст од 20 до 40 години

Сите хронично болни на возраст меѓу 20 и 40 години кои се изложени на ризик од Ковид 19 ќе бидат вакцинирани во следните три дена. Министерството за здравство соопшти дека ќе бидат имунизирани 10 дијагностички групи, како што се пациенти со срцеви заболувања, со болести на бубрезите, белите дробови и сл. Иако се крена голема прашина во јавноста за несаканите ефекти на вакцините против Ковид, се покажа дека ништо нема од тврдењата на анти-ваксерите. Всушност, здравствените власти пред да пристигнат вакцините во земјава информираа дека несаканите ефекти не можат да бидат повеќе од лесна треска, болка на раката каде е ставена вакцината, покачена температура и малаксаност. Досега 18 проценти од граѓаните не се појавиле на закажаните термини за вакцинација.

„Многу често се случува матичниот лекар или некој друг да закаже термин за пациент, а тој да не биде информиран дека има термин. Сепак, бројот на заинтересирани за вакцинација не е мал.“, изјави Дукаѓин Османи, микробиолог.

Од друга страна, долг е списокот на несакани ефекти предизвикани од храната и пијалоците кои секојдневно ги користиме, а негативните ефекти од вакцините следуваат на крајот на листата. Инфектологот Фадил Цана вели дека поголем ризик за згрутчување на крвта претставува пушењето отколку вакцините.

„Консумирањето на пијалоци со шеќер кои предизвикуваат дебелина и кардиоваскуларни болести.“, Фадил Цана, инфектолог.

Лекарите повикуваат луѓето масовно да аплицираат за вакцинирање за да се постигне колективен имунитет и да се искорени пандемијата.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button