ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Следната недела, во Скопје се очекува да пристигне група Авганистанци

Не е исклучена можноста следната недела во нашата земја да пристигне друга група Авганистанци евакуирани од американската војска.  Не е познато колку авганистанци ќе бидат во втората група или од која земја ќе дојдат, со оглед на тоа што не можат да дојдат директно од Кабул, бидејќи аеродромот во Кабул е во рацете на Талибанците.

“Досега дадовме согласност за 750 барања на организации кои работеа со нас. Кога велам со нас, мислам на нас како НАТО, бидејќи сега сме дел од НАТО, во текот на овие 20 години во Авганистан“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

На седницата на Стратешкиот совет за надворешна политика, поранешниот амбасадор Нано Ружин, рече дека треба да се направи разлика помеѓу редовните имигранти, оние што неодамна се евакуирани и граѓаните кои го напуштаат Авганистан по сопствена иницијатива и кои се третираат како регуларни бегалци. Според него, треба да се изготви стратегија за да се спречи нивниот прилив, иако додаде дека ѕидовите што ги изградија Турција и Грција, ќе влијаат да го нема овој бран како во 2015 година.

По преземањето на власта од Талибанците, се очекува и пад на  економијата. Граѓаните во долги редици чекаат пред банките кои и по две недели откако Талибанците ја презедоа контролата, останаа затворени. Многу семејства немаат пари ниту за секојдневните трошоци, а некои немаат земено плата. Извори од Централната банка на Авганистан рекоа дека банките практично повеќе немаат готовина. Големиот предизвик за Талибанците е дека авганистанската економија во голема мера зависи од пристапот до странски пари и меѓународна помош, од кои голем дел се блокирани по падот на Кабул.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button