ВЕСТИЕКОНОМИЈАСВЕТ

Словачка ќе бара ослободување од ембарго на ЕУ за руската нафта

ловачка ќе бара ослободување од какво било ембарго на руската нафта договорено од Европската унија во следниот пакет санкции против Москва поради инвазијата на Украина, објави словачкото Министерство за економија.

Се очекува Комисијата денеска да ја финализира работата на идниот, шести пакет санкции на ЕУ против Русија поради нејзините дејствија во Украина, кои ќе вклучуваат забрана за купување руска нафта, бидејќи извозот на нафта е главен извор на приходите на Москва.

Вчера двајца функционери на ЕУ изјавија дека извршната власт на Унијата може да ги поштеди Словачка и Унгарија од ембарга, имајќи ја предвид зависноста на двете земји од руската нафта.

Словачка ја доби речиси целата увезена нафта од Русија, а има залихи за 120 дена.

„Доколку има одобрено ембарго на руската нафта како дел од дополнителниот пакет санкции против Русија, тогаш Словачка ќе бара изземање“, се вели во одговорот на Министерството за Ројтерс.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button