СВЕТ

Словенија најавува построги мерки за невакцинираните, се укинуваат бесплатните тестови

Во Словенија се најавуваат построги услови за работа, мобилност, образование и други активности. Така, состојбата на ПВТ (прележани, вакцинирани, тестирани) ќе биде основна мерка за функционирање на здравствената заштита, социјалните институции, спортот и јавниот живот воопшто, рече Милан Крек, директорот на Словенечкиот институт за јавно здравје, во интервју за Словенечкото радио во четвртокот наутро.

Бидејќи на 23 август државата повеќе нема да ги плаќа тестовите за коронавирус, тоа значи дека трошоците ќе паднат на грбот на работодавците или на вработените.

Во Словенија 248 новозаразени лица се потврдени во последните 24 часа од1 828 теста, што е ист број како и претходниот ден, но уделот на позитивните тестови се зголеми од 12,6 на 13,6 проценти, објави Словенечкиот институт за јавно здравје во четвртокот. Четиринаесетдневната инциденца се зголеми од 83 на 90 и нема нови смртни случаи. Во болниците бројот на пациенти е зголемен од 36 на 40, од ​​кои шестмина имаат потреба од интензивно лекување.

Словенечката влада објави дека со новите податоци, Словенија влегува во т.н „портокалова фаза“ на епидемијата на ковид-19 на листата на Европскиот центар за контрола на болести и повторно предупреди на потребата од најголема можна вакцинација на населението, за што се обезбедени голем број мобилни тимови.

Според Министерството за здравство, мнозинството новозаразени лица се млади луѓе на возраст од 15 до 24 години, и поради повеќе заразниот делта-сој, вакцинацијата наесен треба да биде далеку повисока од сегашните 40 проценти од населението, односно помеѓу 80 и 90 проценти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button