РЕГИОН

Словенија размислува да воведе партиципација при хоспитализација на невакцинирани лица

Во Словенија, која деновиве бележи пад на епидемиолошките трендови во пандемијата, размислуваат за еден вид парична казна за оние кои не се вакцинирани и ќе завршат во болница поради ковид-19.

Ова во интервју за Словенско радио го потврди Бојана Беовиќ, главен инфектолог во владиниот совет за епидемијата и претседател на Лекарската комора.

Од една страна има одговорни и вакцинирани, а од друга кои не сакаат да се вакцинираат, но сепак ги уживаат сите придобивки“, рече Беовиќ и додаде дека затоа има иницијативи за невакцинирани луѓето да завршат во болница или дел од трошоците за нивното лекување.

Мислам дека партиципација за невакцинираните би било праведно решение“, рече Беовиќ.

Таа не се залага за воведување на задолжителна вакцинација бидејќи смета дека тоа би имало спротивен ефект и би предизвикало противење во јавноста за вакцинацијата.

Задолжителната вакцинација во Словенија би била можна само доколку се обезбеди општ општествен консензус, можеби дури и преку референдум, рече Беовиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button