ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Случај Куманово, Османи: Со меѓународна експертиза до целосно расчистување на случајот

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на прашање на новинарот на ТВ Алсат за случајот во Куманово, рече дека по завршувањето на целиот судски процес во Република Северна Македонија, ќе се бара меѓународна експертиза за целосно разветлување на случајот.

„Мислам дека треба да почекаме да заврши процесот и да се расветлат сите околности поврзани со случајот, во моментот случајот е во Врховен суд, потоа правно ќе бидат исцрпени сите процеси во С Македонија. Видовме дека и самиот премиер Заев спомна меѓународна истрага која ќе ги види доказите и ќе помогне на крајот да се расчисти случајот, а верувам дека и Косово ќе помогне во овој поглед. За ова прашање ќе се разговара институционално, сѐ друго би било политичка изјава што не помага во случајот“, изјави претседателката Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button