ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Случај „Рекет“, одбраната на главните осудени побара укинување на пресудата за Јовановски и на Јанева

Боки 13 и Катица Јанева побараа Апелација да ја укине пресудата за „Рекет“. Вишиот јавен обвинител Диљавер Бектеши пак бара затворските казни да им се зголемат, оти седум години за екс шефицата на СЈО и девет години затвор за Бојан Јовановски не биле доволни за да се постигне целата на казнувањето. Сашко Дуковски кој го застапува Боки 13, праша како може Кривичниот суд да донесе пресуда на база на сведочењето на Ана и Орце Камчеви кои рекоа дека дале над милион евра рекет. Плус, одбраната посочи дека обвинителството никогаш не ги нашло парите кои наводно Камчев ги дал.

„Три пати бевме одбиени за вештачење на телефонот. Ајде да се прашаме сите заедно на што се темели оваа пресуда. Што гледате вие во тие четири секунди. Гледате пари, гледате женска рака и фледате лист хартија. Гледате некој лик кој што ја носи таа торба полессно него јас оваа маска“, рече Сашко Дуковски, адвокат.

Адвокатите на Јанева прашаа како Орце Камчев снимил торба со пари, но не снимил кога „Луј Витон“ чантата со еден милион евра ја зема Боки 13. Дополнително, според нив, обвинителството за организиран криминал не доставило доказ дека Камчеви извлекле пари од банка за да платат рекет. Прашаа како обвинителството утврдило дека Јанева земала 50 илјади евра повикувајќи се само на една фотографија и дали тие пари се од милионот на Орце – пари кои обвинителството никогаш не ги пронајде за да ги вештачи.

„Имте една снимка каде немате дејствие на примопредавање на пари. Се тврди дека таму имало пари. Навистина не знам. Јас има нотесчиња кои изгледаат на парични средства и верувајте се многу верни. И сега, како обвинтелот ги преброи, како судијата му поверува дека таму има сто банкноти по 500 евра не е јасно“, рече Дељо Кадиев, адвокат.

Боки 13 денеска дојде во судница, додека Катица Јанева поради здравстевени причиини не се појави. Двајцата се во куќен притвор. Боки е осуден на 9 години затвор, додека поранешната шефица на СЈО доби 7 години затвор. Случајот се отвори откако Камчев обвини дека му изнудиле еден милион за да си ја олесни позицијата во случајот „Империја“. Инаку Камчев е во притвор за случајот „Плацеви на Водно“.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button