МАКЕДОНИЈА

Случај Тони Сали – За некои работи потребно е етика и култура, не само закон, вели новинарката Делевска

Нашата администрација е неефикасна, не сака да работи или не знае да работи, вели новинарката Соња Делевска, во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат. Делевска, која беше запознаена и го следеше целиот случај со матурантот Тони Сали, кој почина чекајќи да добие матичен број, сведочи за административните лавиринти и талкања по ходниците на државната администрација низ кои поминаа Тони и неговите родители.

“Тоа најтешко се одразува врз грбот на овие социјално ранливи луѓе, на овие категории. Со Тони кога комуницирав…Управата со денови, пробиваше рокови, не им одговараше…ете, дека го одбива, не го впишува по 100-ти пат. Тоа им требаше за да покренат постапка пред Управен суд и таму мериторно да се одлучи. Чекаа со часови…за тоа треба ли закон, директоре? Етика е тоа и култура“, вели Делевска, обраќајќи се кон Директорот на Управата за водење на матични книги.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button