ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Сменети првите луѓе на РЕК Битола и Осломеј

Иле Петревски

ЕСМ ги разреши директорите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј. На местото на првиот човек на битолската електрана Златко Ќурчиевски е назначен Пеце Матевски како в.д. директор, кој доаѓа од позицијата директор на термоелектраната. Во РЕК Осломеј пак, на местото на разрешениот Златко Пиперкоски за вд директор е поставен Стојан Ицкоски кој беше досегашен технички директор во Рудници. Смената на директорите во државните енергетски компании е одлука на Управниот одбор на ЕСМ.Во соопштението до јавноста не се објансуваат причините за промените, сепак ваквите кадровски промените беа највувани по честите дефекти во блоковите во РЕК Битола и задоцниот старт на работа на Тец Осломеј. Од ЕСМ најавуваат дека смените ќе продолжат.

„Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза“, велат од ЕСМ.

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејзбук профил објави дека дава целосна поддршка на одлуките за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Бектеши напомена дека институцијата со која тој раководи во континуитет бара одговорно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите.

„Нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година. Нема да има рестрикции на електрична енергија“, изјави Крешник Бектеши министер за економија.

А по информацијата дека ЕВН Хоум го продолжи тендерот за набавка на електрична енергија за потребите на домаќинствата, од 25 ноемви за на втори декември, од државната компанија велат сеушпте работат на пресметките.

„АД ЕСМ го изработува планот за производство и финансискиот план за 2022г, врз основа на кои ќе формира своја пресметка за цена која до крајот на месецот ќе ја испрати до Владата на Р. Северна Македонија“, велат од ЕСМ.

Од потребните 900 илјади тони јаглен засега државата обезбеди само 90 илјади тони јаглен од Албанија. За останатите ќе се распишуваат нови тендери бидејќи на претходните два тендери не се понудени количества со добар квалитет, и соодветна цена. Од соодносот на домашно произведена електрична енергија и увезена ќе зависи колку ќе се зголеми цената на струјата за граѓаните од наредната година. Инаку, цената на ЕСМ учествува со 30% во вкупната цена на електричната енергија./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button