ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Сметководителите апелираат да не се гласа новиот закон

Сметководителите им порачаа на пратениците да не го гласаат Предлог-законот за вршење сметководствени работи. Обвинуваат дека доколку се донесе новиот закон дејноста ќе биде под целосна окупација. Законот предвидува формирање на ново тело кое ќе има задача да ја контролира работата на сметководителите, кое треба да биде и независно во своето работење.

„Она што е целосна небулоза кај овој совет е неговата таканаречена независност, а всушност во самиот закон е директно наведено дека за својата работа ова тело одговара пред владата а во него членуваат претставници од Министерството за финансии. За каква независност на ова тело зборуваме кога работата му зависи од владата и од Министерството за финансии“, рече Александра Андреева, Комора на сметководители.

Сметководителите тврдат дека ниту еден од клучните предлози не им бил прифатен од властите и се сомневаат дека со измнеите може ќе треба да плаќаат повеќе пари на државата.

„Тој значи грубо конфискување на наши средства, за остварување на нечии лични интереси и за финансисрање на репресивни тела под контрола на лица именувани од извршната власт“, рече Сашо Цветановски, Овластен сметководител.

Законот во собранието се носи по итна постапка, односно со европско знаменце, но реакцијата на сметководителите е дека не гледаат ништо европско во предлог законот. Во случај законското решение да биде изгласано, сметководителите се заканија дека ќе стапат во бојкот на работата и нема да го применуваат според нив штетното законско решение.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button