СВЕТ

Снежна бура ја зафати државата Њујорк (Видео)

Снежна бура ја зафати државата Њујорк (Видео)

Денеска западниот дел на државата Њујорк го зафати историска снежна бура со над 6 метри снег на некои места. Тоа предизвика затворање на патиштата, активирајќи забрани за возење и откажување летови во викендот пред Денот на благодарноста.

 

Во снежното невреме пријавени се најмалку два смртни случаи.

Невремето, кое дуваше од езерата Ири и Онтарио, наврна до 1,5 метар или повеќе снег, а властите рекоа дека „се чини дека смртните случаи се последица на срцев удар поради прекумерен напор додека го чистеле снегот во тешко погодениот округ Ири“.

Според Националната метеоролошка служба, невремето кое покри некои области со неколку метри снег, се очекува да трае до недела.

Зимските временски предупредувања се во сила за над 6 милиони луѓе низ шест држави Висконсин, Мичиген, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк.

Синоптичарите и официјалните лица алармираат дека оваа снежна бура е историска дури и за регионот Бафало, каде обилниот снег е нормален во зимските месеци.

„Патувањето ќе биде исклучително тешко, ако не и речиси невозможно. Видливоста на моменти ќе биде блиску до нула со длабока снежна покривка на коловозите“ предупреди локалната метеоролошка служба.

Десетици летови во и надвор од меѓународниот аеродром Бафало Нијагара се откажани поради влошување на условите на невремето.

На патиштата има возила кои се затрупани во снег. Дури и некои машини за чистење снег се заглавуваат во областите кои се најпогодени од невремето.

Како што се намалија температурите, првата голема снежна бура во регионот почна во четвртокот и се засили во текот на ноќта во петокот и тоа многу пред почетокот на зимата на 21 декември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button