ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со буџетски средства ќе се финансира спомен обележје за настраданите во пожарот во Кочани

Средства за изработка на идејно решение и почнување активности за изградба на спомен обележје за починатите во пожарот во Кочани треба да се одбезбедат со Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2025 година, што денеска доби поддршка од матичната собраниска комисија.  Со предложената прераспределба на буџетски средства ќе се обезбедат 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, како и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси.

Advertisements

Предлог-одлуката без расправа доби поддршка во собраниската Комисија за финансирање и буџет,  чии членови на предлог на пратеникот  од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков поддржаа и амандман со неа да се опфатат и средства за спомен обележјето.

Лефков во образложение на амандманот рече дека одлуката е во координација со семејствата на настраданите во пожарот од 16 март годинава во кој загинаа 62 лица, а околу 200 се повредени,  а произлегува, како што рече, од нивната и нашата заедничка желба барем дел од болката да преточиме во достоинствено сеќавање, а трагедијата никогаш да не се повтори.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button