ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со нов локдаун, клуч на хотелите во Охрид и Струга

Воведувањето на нови рестриктивни мерки ќе биде таков удар за туризмот, од кој тешко дека ќе може да се опорави уште долго време – велат угостителите во Охрид и Струга по најавите дека доколку вирусот продолжи да се шири можно е да има нови мерки.

Туризмот е сензитивна гранка. Секое воведување на нови рестрикции и мерки ќе доведе до намалување и на така малиот број на странски гости. Сигурен сум дека и домашните гости ќе бидат ограничени да ги користат нашите услуги. Се надевам дека нема да има нови рестрикции, дека што побрзо ќе ги пребродиме овие тешки моменти во туризмот и дека министерството ќе го има тоа во предвид -изјави Филип Стефаноски-туристички работник.

Нови мерки ќе доведат и до затворање на хотелите – велат од Хотам.

Ние зимските месеци преживуваме. Не сме комплетно затворени меѓутоа некое делче работи, колку да се каже дека е отворен хотелот. Многу ќе се одрази – изјави Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

Нормално дека ќе дојде до затворање, бидејки имаат вработени и нема да можат да издржат, да ги плаќаат вработените, трошоците, а нема гости, нема туристи – рече Науме Угреновиќ-хотелиер од Струга.

Угостителите се надеваат дека нема да се повторат ланските рестриктивни мерки со локдаун и воведување на полициски час. Доколку сепак тоа се случи, се надеваат на финансиска помош од Владата.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button