ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Со „онлајн“ петицијата против пописот, ВМРО тврди дека само предупредува

Според партијата на Христијан Мицкоски, онлајн петицијата на ВМРО-ДПМНЕ против нацрт-законот за попис на населението е само предупредување до владата дека треба да се повлече од овој, како што велат, политички процес. Од најголемата опозициска партија најавуваат дека по усвојувањето на законот, тие ќе почнат да собираат и граѓански потписи за негово укинување.

СДСМ пак, ја повикува опозицијата да се повлече од опструкциите и да го поддржи пописот.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, но нема да можат да го спречат спроведувањето на пописот во согласност со меѓународните стандарди и практики.“

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува да биде изгласан законот, одбивајќи да ги коментира предупредувањата на опозицијата за бојкот на процесот и непризнавањето на резултатите од пописот. Собранието сè уште не ја закажува седницата на која остана да се гласа за предлог-законот. Поради недостиг на кворум и пратеници кои ги чекаат резултатите од тестот за Ковид-19, координаторите на пратеничките групи сè уште не знаат кога може да продолжи седницата. Законот ќај а добие и поддршката на албанската опозиција, а претседателот Стево Пендаровски пред да го потпише указот најави дека ќе го преиспита со правни експерти.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button