ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Со пензијата што ја добиваат едвај плаќаат сметки, па работат и на празник

Со пензијата што ја добиваат едвај плаќаат сметки, па работат и на празник

Пензионерите како и во стари времиња, тргуваат со стока за да преживеат.

„Продавам кромид за да можам да купам друг производ.“

Денеска е празник за цела држава, но не и за пензионерите кои своите производи ги продаваат на аголот на Бит Пазар во Скопје. Десанка продаваше тикви, ореви и кромид што сама ги одгледува, а откако ќе ги продаде вели дека ќе ги купи производите што ѝ недостасуваат, компири или грав. Од пензијата што ја добива вели дека половина од неа оди само за плаќање на месечните сметки.

– Во друго ќоше, друг пензионер ги продаваше последните домати што му останаа.
– Дали ти е дозволено да продаваш овде?
– Сега да, а порано не.
– Денеска е празник.
– Да.
– За вас не е?
– Нема празник за земјоделците.

Според последните податоци на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во С Македонија има околу 333 илјади пензионери. Од нив околу 90 илјади примаат минимална пензија, односно околу 12 илјади денари месечно.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button