ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Со ребалансот, буџетот на Владата двојно се зголеми

Владата со ребалансот двојно си го зголеми буџетот со кој планира да располага годинава. Со прекројувањето на државната каса буџетот на Владата ќе изнесува 233 милиони евра или за речиси 120 милиони повеќе од првичниот буџет. Капиталните инвестиции кој се зголемени за 26,9 проценти или за 107 милиони евра, нема да се реализираат преку изградба на нови патишта и изградба на нови објекти туку преку програмата на Владата и тоа за:

-Кредитна гарантна шема преку Развојната банка во период во април до октомври
-Кредити до 0% преку Развојната банка за најпогодените сектори
-Формирање на фонд за подршка на истражување и развој преку Развојната банка

На поголемиот дел од министерствата, буџетите им се скратени, меѓу нив за 10 милиони евра скратен буџет има и Министерството за транспорт и врски. Нови капитални инвестиции се планираат за изградба за клучката Словенечка, реконструкција на старски домови како и изградба и опремување на детски градинки. Со ребалансот во буџетот на Владата се воведува и нова ставка Зелен развој со буџет од 11,1 милиони евра. Од Владата посочуваат дека парите ќе се трошат за животната средина.

Преку оваа програма ќе се реализираат активности за пристап до чиста вода и воздух, чистење на диви депонии и намалување на емисиите на гасови, што непосредно ќе влијае на квалитетот на живеење, менталното здравје и спречувањето на природните катастрофи – велат од Влада на РСМ.

Со ребалансот е најавена и новата давачка во вид на еколошки данок без појаснување каков данок би можело да се воведе. Целата на еколошкиот данок ќе биде стимулирање на даночнитте обврзници преку јавните давачки да придонесат за помало загадување.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button