ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Со ребалансот ќе се бараат екстра пари за изградба на гасоводниот систем

Пред објавувањето на ребалансот на буџетот, министерот за транспорт Благој Бочварски вели дека средствата од касата на министерството со кое тој раководи, не само што нема да бидат скратени, туку ќе побара и нови речиси пет милиони евра за изградба на гасоводите. Парите инвестирани во инфраструктура вели Бочварски, се повеќекратен бенефит не само за економијата туку и за општеството.

„Околу 300 милиони денари ќе побараме дополнително за доизградба на гасоводите. Бидејќи таму ќе имаме уште една постапка за интерконекторот со Грција, во време на енергетска криза“, рече Бочварски.

Стартот на изградбата на интерконекторот со Грција беше најавен и на меѓународната конференција на министрите за енергетика од Западен Балкан пред неколку дена во Бугарија. Надлежните посочуваат дека во моментов се преговара и со официјална Софија за изградба на уште еден конектор со Македонија. По одлуката на најголемиот дел од државите на Европската Унија за откажување на рускиот гас, земјава се најде во незавидна позиција. Овој енергенс во Македонија стасува само преку Бугарија, па затоа сега се прават напори за можни алтернативи кои ќе ја намалат зависноста за набавка од руски Гаспром. Изградбата на терминалот за течен нафтен гас Алесандропулис се очекува да заврши за неполни две години. Проектот чини 370 милиони евра, а земјава учествува со 25 отсто. Рускиот природен гас во земјава го користат над 50 компании, претежно сместени во индустриските зони.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button