ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Со владините мерки за штедење струја – црно ни се пишува!

Мерките кои ги објави Владата за соочување со најтешката енергетска зима, како што ја најавуваат од Илинденска број два, не може да се сфатат сериозно, вели еден од најискусните енергетичари во Македонија Константин Димитров. За справување со кризата одамна требаше да се донесат реални мерки и одлуки. Вака со некористење на лифтовите во институциите, со исклучување на компјутери по крај на работниот ден или со принтање на само дел од документите, црно ни се пишува, додава тој.

„Јас верувам дека ќе има проблеми, според искуството, како работи ЕСМ, со оглед на хидрографската состојба, јас се сомневам дека ќе имаме доволна количина на електрична енергија од сопствено производство. И во најдобар случај, во Македонија ора да увезуваме 30 отсто електрична енергија“, рече Димитров.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на неколку пати во текот на оваа енергетска криза уверуваше дека рестрикции на струја ќе нема. Вчера тој најави дека во мерките е предвидено уличното осветлување да биде намалено, како на локалните така и на автопатиштата, а дел да биде и исклучено.

„Не очекуваме да има рестрикции во Северна Македонија. Сега да даде Господ, да не ни се случи некоја хаварија“, рече Бектеши.

Мерките за државните институции предвидуваат да бидат исклучени сите декоративни осветлувања на фасадите на објектите, како и на културните споменици. Исто така рационално користење на осветлувањето во внатрешниот дел на просториите, но и подомаќинско користење на климатизерите во лето и во зима. Доколку нема резултати, односно институциите не заштедиле струја во однос на истиот месец лани, владата предвидела и казни за раководителите.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button