ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Собранието од порано е полофункционално

„Блокадата на опозицијата која започна денеска нема да биде прво искуство на законодавниот дом со блокади и нефункционалност или полуфункционалност. Овој парламентарен состав и досега се соочи со забелешки и критики за блокади, одложувања, незавршени седници, комисии кои не си ја вршат работата, немање пратеници итн. Оправдување беше пандемијата, но секако дека недостатокот на волја на народните избраници одигра голема улога“, изјави новинарка на Алсат, Фатлуме Дервиши

Алсат континуирано информира за блокирање на законите во собраниска процедура. Добар дел од нив се важни закони од посебен интерес за јавноста. Некои се заглавени во комисиите кои ги водат пратеници од власта, други во комисиите предводени од опозицијата. Некои се блокирани со стотици илјади амандмани и се оставени во заборав.

Закони заглавени во процедура

  • Законот за коцкање
  • Законот за регулирање на статусот на бесправните објекти
  • Законот за Академија за судии и јавни обвинители
  • Измените на Кривичниот законик
  • Законот за обештетување на жртви на насилни кривични дела
  • Изборниот законик
  • Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам
  • Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
  • Законот за тутун

Од конституирањето досега има вкупно 12 незавршени седници а најстарата од нив е од 28 јули 2021 година. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button