ВЕСТИРЕГИОН

Собранието во Софија не заседаваше, ќе чека став од Петков

Собранието ѝ ја префрли топката на бугарската Влада за одлуката за кревање на ветото за Македонија. لعبة روليت مجاني Одговорот на официјална Софија за францускиот предлог заглави во институционален ќорсокак, откако пратениците во Комисијата за надворешна политика решија да не расправаат, бидејќи немале став од Владата. Според пратениците, противуставно би било тие да земат решение без да имаат предлог-одлука од Кирил Петков. ربح المال من الالعاب

„Гарантирам, говорам од името на нашата партија, дека ако ја свикате Комисијата кога ќе имате некаков став или решение, ние ќе сме тука и ќе дадеме поддршка“, рече Екатерина Захариева – пратеничка на ГЕРБ.

Префрлањето на одговорност меѓу институциите доаѓа откако и екс-премиерот и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, рече дека ќе даде поддршка за францускиот предлог, но прво да се изјасни Петков, а потоа и Собранието.

„Ако сепак се осмели овој плашливец и лажго, кој до вчера само лажеше и само објаснуваше колку не му е страв… но ако се охрабри ќе има 59 пратеници за поддршка за давање зелено светло на Северна Македонија и Албанија“, рече Борисов.

На иста линија со Борисов е и бугарскиот претседател Румен Радев. И тој повика на став на Владата, кој  потоа би бил потврден и од пратениците.

„Ги повикувам одговорните институции да започнат да ги додаваат параметрите кои недостасуваат во тој билатерален Протокол, затоа што ако тој не биде прецизиран самата преговарачка рамка ќе ја загуби смислата. Затоа повикувам Владата да не се крие зад Собранието и да има јасни и одговорни решенија“, рече Радев.

За да одговори на претходните критики од опозицијата дека еднострано ќе го кревал ветото, Петков одлучи Собранието да одлучува за францускиот предлог и дека тој со таквиот став ќе патува за Брисел. Шефицата на Кабинетот на Петков, Лена Бориславова денеска кажа дека одлуката нема да биде променета и дека сè е во рацете на Собранието.

Инаку, пратениците не ја исклучија можноста повторно да се состанат во текот на денов. طريقة الربح في لعبة الروليت

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button