ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Софија револтирана од палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани

Софија е револтирана од палењето на бугарското знаме за време на карневалот во Вевчани. Министерската за надворешни работи, Екатерина Захариева, преку бугарскиот амбасадор во Скопје, достави протестна нота, но нема детали што содржи.

„После медиумското известување за палењето на бугарското знаме во Вевчани во Република Северна Македонија, му наредив на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов, да и изрази на Владата на Република Северна Македонија нашето длабоко незадоволство од овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе му силна протестна нота на Министерството за надворешни работи на РСМ“, рече Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија.

По реакцијата на Софија, Министерството за надворешни работи и претседателот го осудија палењето на бугарското знаме.

„Вековната традиција не треба да се загрозува преку активности што ги омаловажуваат или навредуваат народите, нациите, особено нашите соседи. Го осудуваме палењето на знамето на Република Бугарија на Вевчанскиот карневал, чин што не само што го нарушува угледот на карневалот, туку го нарушува и угледот на Република Северна Македонија“, наведоа од МНР.

„Палењето на бугарското знаме за време на карневалот во Вевчани е неприфатливо и е за осуда. Неопходно е да се изгради доверба, разбирање и почит меѓу соседите“, рече претседателот Пендаровски.

Според министерот за внатрешни работи Спасовски, инцидентот имал политичка позадина.

Министерството за внатрешни работи за Алсат потврди дека настанот е документиран и дека ќе биде поведена соодветна постапка против лицето кое го сторило делото, веднаш штом ќе биде потврден неговиот идентитет.

„Вчера во 15:00 часот за време на парадата на маскирани лица во Вевчани, едно лице држеше знаме на Република Бугарија, кое за време на традиционалното палење маски во центарот на Вевчани, го ставил врз оган и го запалил. Настанот е документиран и откако ќе биде потврден идентитетот, против него ќе биде покренета соодветна пријава“, наведоа од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button