ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Сојузот на стопански комори со критики за еколошката такса

Еколошката такса од 3,5 денари на дизелот и бензинот ќе влијае и по џебот на граѓаните но и врз целото стопанство. Бизнис заедницата со остри реакци кон Владата дека не е време за носење на еколошки такси,особено кога економијата сеуште не закрепната од ковид-кризата.

Како последица на кризата веќе имаме забележлив пораст на цените, што само ќе се засили со воведување на еколошка такса. Еколошкото оданочување кое има функција на дестимулирање на однесувања и активности кои придонесуваат кон загадувањето, треба да има приоритет, но и неговото воведување мора да има одредена динамика.Воведување на ад хок решенија создаваат непредвидливост и несигурност што директно негативно влијае на намалување на активноста на стопанството – велат од Сојуз на стопански комори.

И транспотерите реагираат Владата да размисли за воведување на оваа такса. Според нив има модели кои се применуваат во ЕУ кои можат да се воведат, а не да се наметнува такса која може најмногу да ги погоди транспортерите.

Еколошките такси најмалку се наплатуваат преку цената на горивото туку преку патарините така да во последните 10 година Европска Унија на база на еколошки патарини обезбеди да не може да влегуваат во нивна територија возила кои што имаат помал Еуро стандард од Еуро 4.Ова е казна, не е награда не нешто позитивно – изјави Билјана Муратовска- МАКАМ-ТРАНС.

Но за премиерот Зоран Заев еколошката такса нема да има никакво влијание врз економијата бидејќи како држава плаќаме најефтина нафта.

Државата беше тука да плати кога беше тешко за транспортерите. Дефинитивно 3,5 денари нема да влијаат ништо посебно, имајќи предвид дека сите рамноправно и секој соодветно понесува дел од обврската за зелената агенда за климатските промени и заштитат на здравјето на граѓаните. Убеден сум дека со тоа што, сепак, цената на нафтата е најевтина на европскиот континент е сериозен аргумент за сите – рече Зоран Заев – Премиер на РСМ.

За премиерот Зоран Заев со таксата ќе се стимулираат граѓаните превозните средства да ги заменат со електрични автомобили и тротинети, велосипеди и слично. Сепак во послеаната набавка на 45 возила на лизинг за потребите на Владата ниту едно не електрично. Заев ветува дека во наредните набавки ќе се потрудат да се набави ваков вид на превозно средство но и дека ќе се стимулираат владините претставници и министри до своето работно место да патуваат со тротинет, велосипед или електричен автомобил.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button