СПОРТФУДБАЛ

Солскјер: Манчестер јунајтед станува постабилен

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е задоволен од изданието на неговите фудбалери кои на денешниот дуел со Вест Хем во рамките на 11. коло во Премиер лигата победија со 3:1.

– Во првото полувреме се обидовме да се справиме со нивните контранапади. Премногу често грешевме. По слабото прво полувреме, дадовме голот во второто и тоа го смени расположението во нашиот тим. Ривалот е квалитетен кој може да создаде тешкотии за многу екипи. Јас сум многу, многу среќен дека победивме. Секако, многу сме задоволни од играта на гостински терен. Мислам дека и домашната форма не е лоша, стануваме постабилни и подобро се справуваме со вакви натпревари. Кога губиме 0:1 или 0:2, не ни паѓа самодовербата и овој карактер е важен, рече Солскјер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button