СПОРТФУДБАЛ

Солскјер реши за Кавани

Очекуваното деби на Единсон Кавани со тимот на Манчестер Јунајтед нема да се случи точно против неговиот поранешен тим Пари Сен Жермен.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер објасни дека напаѓачот нема да биде дел од групата за натпреварот од Лигата на шампионите во вторник навечер, бидејќи тој се уште е назад во однос на подготовката. Исто така, аут од групата е и капитенот Хари Мегваер, кој заработи мала повреда против Њукасл за време на викендот. Поради здравствени проблеми, Ерик Баји, Џеси Лингард и Мејсон Гринвуд исто така не летнаа за Париз.

– На Кавани му требаат уште неколку тренинзи пред да размислам да го приклучам во групата за следниот натпревар во Премиер лигата. Да се ​​надеваме дека на другите нема да им треба многу време, изјави Солскјер.

МИА

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button