ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сомнежи за дипломата на Толај

По сознанијата од Секторот за правен надзор и инспекциски надзор во Министерството за култура, за злоупотреба на средства од страна на директорот на Албанскиот ансамбл, Шкодран Толај, сомнежи и за неправилности во дипломите на Толај.

Директорот на Државниот ансамбл на албански народни песни и ора, Шкодран Толај, студирал овде во Скопје на Универзитетот ЕСРА, Мефаил Исмаили, Алсат

„Потврдуваме дека Шкодран Толај, на нашиот Универзитет ги завршил студиите и дипломирал Музичка уметност – Композиција во 2017 година, во 2020 година има завршено магистерски студии, Музичка уметност – вокална интерпретација“,  Универзитет ЕСРА

Но, во дипломите што ги обезбеди Алсат има податоци кои не одговараат, не се совпаѓаат и се нејасни, особено во однос на датумите на дипломите, нивното издавање од надлежните институции, вклучително и роденденот означен во овие документи. За овие нејаснотии очекуваме дополнителни одговори од самиот Универзитет. Алсат истакна и дека директорот Шкодран Толај добил македонско државјанство непосредно пред да се објави конкурсот за директор. Конкурсот беше објавен на 25.10.2019 година. АЛСАТ и формално побара информација од Министерството за култура за огласите, и од таму соопштија дека документите ќе ги достават во рок од 20 дена, како што е дефинирано со Законот за пристап до информации од јавен карактер. Преку други документи доставени од АЛСАТ, се отвораат сомнежи за уште потешката повреда, онаа на Статусот на Албанскиот ансамбл. Во членот 13 став 4 од Статутот се вели:

„За директор може да биде избрано лице кое има минимум 5 години работно искуство во областа на културата или 5 години искуство во работа или проекти од областа на културата, врз основа на постигнати договори, Статут на ДААНПО (Статут на Државниот ансамбл на албански народни песни и ора)

Според документите доставени од АЛСАТ, како докази за работно искуство во областа на културата кои ги доставил Толај, биле документи издадени од невладини асоцијации од Македонија, од Кичево, како и договори за културна соработка со општина Кичево, во времето кога Толај бил само државјанин на Косово.

Во овие договори може да се види дека за реализирани проекти Шкодран Толај ги има наплатено следните суми.

– Со невладината организација „КУЛТ“, Шкодран Толај има повеќе договори за културни проекти. И тоа на 01.01.2014 година до 31.12.2014 година примил вкупно 202 014 денари. За 2016 година – 300.000 денари, додека за 2018 година добил 420.000 денари.
– Од 2014 до 2019 година Шкодран Толај е ангажиран со договор на дело во Општина Кичево, од која секоја година добивал по 300.000 денари за реализација на културниот проект „Наш ден“.
АЛСАТ информираше за неправилностите што ги направил Толај на чело на Албанскиот ансамбл, Тој во комуникација со АЛСАТ се повика на зборовите на лидерот на партијата дека тој што работи греши. Но, овие убедувања не ги дели и првиот човек на ДУИ, кој рече дека секој треба да одговара. /Алсат.мк

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button