ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сончево со мала облачност, попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 22 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 31 степен.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button