ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

СОНК повика да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Зголемување на коефициентите на сложеност по работно место за 10 проценти, а дополнително и за 0,7 проценти, преку заеднички анекс на Колективниот договор како системско решение за исплата на платите на вработените во културата за кои доцни исплатата на мартовската плата, предлага Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Advertisements

Претседателот на СОНК  Јаким Неделков денеска на прес-конференција  ги повика директорите да не постапуваат според новите упатства од Министерството за култура и вработените да не ги прифаќаат новите решенија за пресметка на плата коишто им се доставуваат од вчера, најавувајќи дека ќе ги обжали во случај да бидат потпишани.  Неделков очекува најдоцна до петок да бидат повикани на средба со ресорниот министер Зоран Љутков за да го претстават решението, а во спротивно на седница на Советот ќе се одлучува за идните чекори и оти не исклучена и одлука за штрајк поради доцнењето на платата и непочитувањето на законот и на колективните договори..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button