МАКЕДОНИЈА

Сообраќајна расправија била причината за пресметката со нож во Чаир, ОЈО Скопје поведе постапка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка во врска со инциднетот што вчера вечер се случи во скопски Чаир, во кој три лица беа повредени по меѓусебната пресметка со нож.

Во инцидентот, како што соопштија попладнево од Јавното обвинителство, учестувале татко и син од една страна и едно малолетно лице. Повод за вооружениот инцидент, на кој му претходела вербална расправија биле недоразбирања во сообраќајот.

Advertisements

Според Обвинителството, постапка е поведена против едно лице на возраст од 18 години кое е осомничено за кривичното дело тешка телесна повреда, како и против неговиот татко, додека малолетникот ќе се гони согласно Законот за правда на децата.

„Од доказите обезбедени во предметот постои основано сомнение дека повод за оружениот инцидент со нож била меѓусебна вербална расправија во сообраќај, меѓу осомничениот и неговиот татко од една страна и малолетникот од друга страна. Расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош“, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Сите три лица инволвирани во пресметката се повредени.

Таткото на осомничениот и малолетникот се хоспитализирани со тешки телесни повреди, додека кај 18-годишникот биле констатирани полесни повреди.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button