МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во 03:20 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Штип – Виница кој беше во прекин во двата правца поради случена сообраќајка.

Регионалниот пат Велес – Градскo поради изведување градежни работи е затворен за сообраќај од 28.09.2022 год. па во наредните 9 месеци, сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button