ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Сопот“, сè уште нема решение за оштетување на четворица екс-осудени

Владата го одолговлекува барањето на државниот правобранител за да се договори отштета со жителите на Сопот кои беа осудени во отсуство. Повеќе од две недели, барањето упатено до Владата талка низ лавиринтите без конкретен исход. Не е назначена ниту комисијата.

Влада:

„Сè уште нема конкретно решение за наведеното барање. Применото барање се разгледува од различни органи во Владата. По завршувањето на разгледувањето, веднаш ќе биде разгледано на седницата на Владата за да се донесе одлука, а јавноста ќе биде веднаш известена“.

Четворица поранешни осуденици во отсуство за случајот Сопот; Селман Јахији, Башким Укшини, Африм Укшини и Муса Клаиќи бараат обештетување за навреда на личниот интегритет во вредност од 48 милиони денари. Судската постапка е суспендирана до ставот на Владата, која треба  да се изјасни даи прифаќа договор со жителите на Сопот или ќе донесе одлука за продолжување на судскиот процес. Одбраната на осудените лица во случајот Сопот бара разбирање од Владата, бидејќи судскиот процес ризикува да трае со години и пред се  да има високи трошоци за сите страни. Претходно тие побараа договор со Министерството за правда, но од министерството побараа да се продолжи процесот на суд. На 7 март 2019 година, Владата обештети 6 поранешни осуденици во случајот Сопот со 73 милиони денари. Во оваа група беа лицата кои издржуваат затворска казна за делото тероризам.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button